Кавадаречките музичари ќе собираат книги

Од:

Со цел да се обнови библиотечниот фонд на средните и основните училишта во градот, Советот на млади од општина Кавадарци и Асоцијацијата на агенции за локална демократија, АЛДА Скопје заедно со најдоброто од кавадаречката музичка сцена ќе организираат голем музички хепенинг за кој влезницата изнесува само една книга.

„Во вторник, 19 септември, донирајте книга за градските училишта и бидете дел од уникатното дружење со нашите кавадаречки гордости Наташа Малинкова, Перо и Пикси, Smoke Shakers, Bad Ass All, Ориентал Бенд и Лидија Паскова, Харизма Бенд, Александра Михова, балетско студио „Венус“ и студио за танц „Линеа““ – се вели во изјавата до медиумите од Советот на млади на општина Кавадарци.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, со почеток од 20 часот, а сите собрани книги ќе бидат донирани на училишните библиотеки во градските основни и средни училишта.

Настанот е во рамките на проектот Културна (Р)еволуција е поддржан од: Општина Кавадарци, Дом на култура „Иван Мазов – Климе“, Младинскиот информативен центар „Сега“, Младинскиот центар „Креактив“, Советот за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД и здружението на граѓани „Зона“.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична