Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на бреговите на Папуа Нова Гвинеја.
Земјотресот бил на длабочина од 37 километри по морското дно, со епицентар југозападно од областа Кандријан.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјлани штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.