Локализиран пожарот кај делчевските села Драмче и Селник

Од:

Локализиран е пожарот кој од вчера попладне беше активен на територијата на делчевските села Драмче и Селник. Според последната информација од Драган Балас од Цетарот за уравување со кризи од Делчево, пожарот е локализиран, но се уште гори на одредени места.

– Успеавме попладнево да го локализираме пожарот, но поради ветерот се уште постои опасност од негово проширување, затоа имаме екипи кои контролираат на теренот. Според првичните проценки, опожарена е површина од околу 200 хектари, претежно борова и дабова шума, но и сува трева. Исто така, изгореа десетина објекти меѓу нив и куќи од двете села Драмче и Селник, но и пет бандери на ЕВН, така што има прекин во снабдувањето со електрична енергија на оваа територија, истакна Балас.

Тој потврди дека денеска во гаснењето на пожарот интервенирал и хеликоптер на АРМ, а учествувале стотина лица од ЈП Македонски шуми „Голак“ Делчево од ЈПКД „Брегалница“ од Делчево, месно население и ТППЕ од регионот.

Пожарот почнал да се шири вчера околу 13 часот од запалена фурна за леб од куќа во Стамболиско маало од селото Драмче по што се проширил со голема брзина во околната шума.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он