Во Охрид работилница за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции

Од:

Поразителната национална статистика која говори дека секоја седмица еден работник го губи животот на работното место, ја наметнува потребата од зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во подобрувањето на работните услови и на дијалогот со државните институции. Воспоставувањето основи за безбедност и здравје при работа, подобрени стандарди, услови за работа, застапување и лобирачки вештини на претставниците на граѓанските и медиумските организации се темите на дискусија во рамки на тридневната работилница што во организација на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) од денеска се одржува во Охрид.

Целта на обуките е да се зајакнат капацитетите на граѓанските, медиумските организации и државните институции за стекнување вештини за застапување, лобирање и долгорочно стратешко планирање за безбедност при работа. Фокусот на работилниците како оваа во Охрид е насочен кон зголемување на свеста за важноста на безбедноста и здравјето при работа, развивање на комуникациска стратегија и национално и регионално ниво за креирање политики и донесување одлуки за потребата од подобрување на работните услови.

– Постои нефункционален канал на пренесување на пораките за превентивно делување, во процесот на создавање превентивна култура што би ги спречила несаканите несреќи на работното место. Наместо да бидеме во конфорна зона и само да ги регистрираме несреќите, интенција е да се градат превентивни мерки за спречување на несреќите. Задачата што пред себе ја поставува МЗЗПР е да се прошири кругот на субјектите вкучени во процесот на создавање политики и активности, стратегии за подобрување на условите и безбедноста на работното место, изјави Милан Петковски, претседател на МЗЗПР.

Инаку, статистиката уште укажува дека најризична професија во земјата се уште е земјоделството, а следат градежништвото, потоа транспортната индустрија, црната металургија, обоената металургија… Во ризични професии спаѓаат и одредени сектори на МВР и на АРМ па и новинарството, оттаму што тука треба да се води сметка и за ризикот што произлегува од работа на терен во т.н. неконфорни средини.

– За да имаме функционален систем, потребно е на радарот да ги имаме сите професии. Да знаеме од што се разболува или гине населението на работното место и со поставената дијагноза да знаме кои мерки ќе ги преземеме. Доколку тоа не го направиме, осудени сме да ги повторуваме истите грешки и да ги броиме загинатите на работно место, забележа тој.

Што се однесува на националната легислатива што го уредува прашањето на безбедноста на работното место, Петковски истакна дека Република Македонија има европска законска рамка, но истата се применува на некаков балкански начин, а доколку се гледа фактичката ситуација по односното прашање и по бројот на несреќи на работните места Македонија ја поместува уште подолу на листата некаде кај африканските земји.

На обуките што ги спроведува МССПР им претходеа три меѓусекторски состаноци со дел поттикнување на соработка и партнерство меѓу граѓанските и медиумските организации и државните институции за дијалог по однос проблемите што се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа.

Би можело да ве интересира

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

Креативна работилница „Заедно за иста цел“ во Куманово

Ана Ололовска

Работилница: Проблемот со нарушувањето во говорот и јазикот кај децата добива епидемиски карактер

Ана Ололовска

Работилницата „Градови на иднината“ ќе нуди решенија за намалување на аерозагадувањето

Ана Ололовска

Работилница за дигитализација на филмското наследство