Турингер е последниот ривал на ЖРК Вардар во групата од ЛШ

Од:

Екипата на Турингер е последниот ривал на вардарки во групната фаза од лигата на шампионките. Германките го освоија првото место во квалификациите со две победи, за нова шанса меѓу најдобрите тимови во ЛШ.

Турнингер во финалето на квалификацискиот турнир го победи 65 Хорс со 33-24, а претходниот дел исто така славеше над Мекалиа Атлетико Гуардес со 31-21. За Германскиот вицепрвак ова е седма сезона во групната фаза од ЛШ.

Првиот дуел со Турингер во Ц групата од ЛШ македонскиот првак ќе го игра во периодот од 13 до 15 октомври на гости, а реваншот е на 17 ноември во Скопје.

Ова ќе биде наше четврто меѓусебно соочување во лигата на шампионите. Во сезоната 2016/2017 Вардар играше со Турингер во главната фаза. На домашен терен со Скопје победи со 36-26, а на гости со 31-29. Првпат „црвено-црните“ со германскиот противник се сретнаа во сезоната 2013/2014 кога одиграа нерешено во гости 24-24, а дома победија со 31-25. Следната 2014/2015 Турингер победи на домашен терен 21-20, а во Скопје вардарки славеа со 26-21.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска