Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија до сите граѓани упати братството на познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.
– Братството на Свештената Бигорска обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, се наведува во честитката.
Се додава дека 8 септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.