Започна прославата по повод Денот на независноста

Од:

Пред Владата на Република Македонија под слоганот „Македонија слободна, слободно живее“ во тек е централната прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Во рамки на прославата беше изведена детската претстава „Маша и нејзината приказна“, а танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост. Во тек е настапот на гудачкиот кваратет ВИВА стинг, а се очекува да настапи и хорот при Македонската Опера и Балет.

Околу 19:30 часот пред граѓаните треба да се обрати претседателот на македонската Влада, Зоран Заев.

На сцената поставена во дворот на Владата ќе настапат и Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Анѓушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.

Владата по повод празникот ги отвори вратите за граѓаните кои можат да ги погледнат поставените интерактивни уметнички инсталации.

Претпладнево, владина делегација ја посети реставрираната спомен куќа на Блаже Конески во село Небрегово.

Одбележувањето на Денот на независноста започна вчера попладне со спортскиот настан „Трчај, играј, активирај се“ во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Во рамки на тридневното одбележување утре делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев на гробиштата во Бутел ќе положи цвеќе на гробот на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, а делегација предводена од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. Во организација на Министерството за одбрана во Крушево ќе биде организирано искачување на Бушева Планина „Заедно кон врвот“.

Република Македонија одбележува 26 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Би можело да ве интересира

БиХ го прославува Денот на независност

Џафери: Направивме крупни чекори напред во изминатите 26 години

Наум Локоски

Претседателот на Собранието упати честитка по повод Денот на независноста

Наум Локоски

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, со честитка до Заев по повод Денот на независноста на Република Македонија

Наум Локоски

Музичарите повикаа: Дојдете заедно да го прославиме Денот на независноста – Македонија слободна, слободно живее

Наум Локоски