Промоција на „Осмото светско чудо“ од Јордан Плевнеш во Белград

Од:

На култната книжевна трибина во Белград, на Француска 7, во Клубот на писателите на Србија, денеска ќе биде промовиран романот „Осмото светско чудо“ од македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш.

Овој роман на Плевнеш во превод на српски јазик на академик Ристо Василевски го објави издавачката куќа „Арка“ и по неговота појава во едицијата „Тркалезна маса“ на издавачката куќа „Галимар“ во Париз, ова е негово 12. издание на поголем број светски јазици и меридијани.

На трибината ќе зборуваат претседателот на Друштвото на српските писатели Радомир Андриќ и книжевните критичари Срба Игњатовиќ и Михајло Цвијетиќ.

Извадоци од романот ќе чита познатиот македонски актер Никола Ристановски.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање