А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влатко, Бени и Љубојна ги повикаа граѓаните на утрешната празнична забава пред Владата

by А1он06/09/2017 - 12:48245
Share0

Со мотото „Македонија слободна, слободно живее“ македонските музичари Влатко Стефановски, Арбен Бени Шаќири, Вера и Оливер од Љубојна, денеска им го честитаа Денот на незавиноста – „8-ми Септември“ на граѓаните на Македонија и ги повикаа на празничната забава која ќе се одржи утре на платото пред Владата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вера Милошевска од Љубојна порача дека музиката е таа којашто имала главен акцент на културниот мозаик на Македонија и дека е среќна што со настап ќе може да им го честита празникот на сите Македонци.

Со рок концертот со кој ќе се одбележи празникот, според, Влатко Стефановски, се зборува за нов дух кој се чуствува во моментов во Македоноија. Тој потсети дека и пред 26 години кога се прогласи независноста на Македонија имал настап на бината на плоштадот.

Централната прослава ќе се одржи утре, а домаќин е Владата на Република Македонија пред чие плато ќе бидат поставени интерактивни уметнички инсталации. На платото пред Владата ќе биде изведена детската претстава „Маша и нејзината приказна“, а танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ ќе изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост. Настап ќе имаат и Гудачкиот квартет – ВИВА стинг, Хорот при Македонската Опера и Балет, Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Анѓушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во рамки на централната прослава предвидено е да се обрати и претседателот на македонската Влада, Зоран Заев.

8 septemvripraznici

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хозе Карерас и најголемите македонски ѕвезди на концерт во Скопје по повод „35 години независност“

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 13:03

ВИДЕО: Македонија ќе слави 35 години независност со Дејвид Гета

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 12:42

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:00

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Горан Наумовски05/12/2025 - 14:57

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски08/09/2025 - 11:2008/09/2025 - 11:20

(ВИДЕО) Филипче: На чекор сме од Европа, тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето

Горан Наумовски08/09/2025 - 09:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто