Нов очен тест ја открива Алцхајмеровата болест 20 години пред појава на симптомите

Од:

Нов тест на очите може да ја открие Алцхајмеровата болест 20 години пред да се појават симптомите. Тестирањата се спроведени на 16 пациенти во Лос Анџелес.

Споредувајќи ги нивните резултати со снимка на мозокот, тестот за очите бил еднакво успешен во согледување на двојно поголема количина на плак која се собира во мозокот. Експертите велат дека откритието е едно од најголемите успеси во истражувањата за Алцхајмер бидејќи нуди тест кој е неинванзивен и исплатлив.

„Истражувањето сугерира дека ретината може да служи како точен извор за дијагноза на Алцхајмеровата болест. Еден од големите успеси во анализирањето на ретината е повторливоста која овозможува следење на пациентите и потенцијалното напредување на нивната болест” – рече др. Маја Коронио-Хамауи од медицинскиот центар Cedars-Sinai.

Пред десет години единствен начин официјално да се дијагностицира Алцхајмеровата болест беше анализирање на мозокот постхумно. Во последните години лекарите, користејќи позитронска емисиска томографија на мозокот, успеаја на живи луѓе да утврдат знаци на болести. Сепак, оваа технологија е скапа, а тестот е инванзивен бидејќи во пациентот треба да се вбризга радиоактивна пункција.

Медицинскиот центар Cedars-Sinai соработуваше на ова истражување со UCLA и Универзитетот во Јужна Калифорнија. Пациентите кои учествуваа во истражувањето пиеја течност која вклучува куркумин, природна компонентна на зачини. Тој делува така што плакот на ретината засветлува кога се снима.

Порано е утврдено дека плакот од ретината е поврзан со плакот на мозокот, што е показател на Алцхајмерова болест.

„Да се надеваме дека овој очен тест ќе се користи како уред за рано откривање на болеста за да може да се интервенира со лекови и да се промени животниот стил на пациентот” – рече др. Кејт Блак од овој центар.

Ова откритие го прославуваат научниците и лекарите ширум светот.

Би можело да ве интересира

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Ана Ололовска

Со тест на крвта може да се открие Алцхајмеровата болест во најрана фаза и пред симптомите да се појават

Во пораст бројот на лица со Алцхајмерова болест, дијагностицирани дваесет илјади

Ана Ололовска

Алцхајмерова болест – тивок крадец на спомените и епидемија на 21 век

Ана Ололовска

Светски ден на Алцхајмеровата болест

Ана Ололовска

„Њу Сајентист“: Причината за Алцхајмеровата болест најверојатно е откриена

Ана Ололовска