Вчера околу 10 часот во рудникот во Злетово, при извршување на работните задачи со повреди се здобил Д.С. (43) од Пробиштип.
Со болничко возило во сопственост на рудникот тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен во Клинички центар Штип.
Поради сериозноста на повредите со возило на итна помош бил пренесен и задржан во Клиничкиот центар во Скопје.