Хонда го претстави новиот дизелски мотор за Сивик

Од:

Хонда претстави и дизелска моторна опција за десетата генерација на Цивик, која на купувачите ќе биде понудена од март идната година.

Новата Хондина турбодизелска опција за моделот Сивик во основа е целосно ревидираниот познат 1,6-литарски 4-цилиндерски i-DTEC мотор кој во своето последно издание нуди 120 коњски сили и 300 Nm најголем обртен момент.

Наведените бројки се доволни јапонскиот двоволуменски автомобил од сегментот C од 0 до 100 км на час да стигне за 10,4 секунди, што е подобар резултат од верзијата која ја покренува новиот Хондин литарски турбо бензинец. Во Хонда во овој случај, очекувано, посебно ја истакнаа просечната потрошувачка на горивото која (во реални околности) изнесува само 3,7 литри на 100 поминати километри, а просечната вредност на емисијата CO2 е 99 грама на километар.

Хонда новиот дизелски мотор за Сивик ќе го произведува во британските погони во кои се произведува и самиот автомобил кој од средина на идната година ќе го понуди во комбинација со новиот 9-степен автоматски менувач.

Би можело да ве интересира

Хонда повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со пумпите за гориво

Поради дефекти во моделите ЦР-В и Сивик, Хонда со сериозни проблеми во продажбата во Кина

Наум Локоски