Жерновски: Разрешен е Марко Зврлевски, најголемиот заштитник на криминалот

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го коментира денешното разрешување на Марко Зврлевски за кој вели дека е  најголемиот заштитник на криминалот. Жерновски е убеден дека Македонија може да биде правна држава и верува дека оваа власт тоа искрено го сака. Еве што напиша Жерновски:

Падна последниот бастион на мафијата!
Разрешен е Марко Зврлевски, најголемиот заштитник на криминалот во историјата на независна Македонија. Позицијата јавен обвинител мора да биде доделена не чесна, професионална и цврста личност, која вистински ќе се бори Македонија да стане правна држава. Убеден сум и знам дека такви професионалци Македонија има, како што знам и дека Македонија може да биде правна држава.
Сега дојде време за тоа и верувам дека оваа власт тоа искрено го сака. Сега сум уште повеќе убеден: „Има мир, ќе има и правда“
Од ден во ден сме се’ поблиску, иако некои мислат дека се движиме споро. Чекор по чекор, градиме силна, демократска, праведна и просперитена Македонија!

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел