Поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски, ќе биде нов тренер на Вардар и најверојатно ќе ги предводи „црвено-црните“ на натпреварот од плеј-оф за пласман во Лига шампиона против Фенербахче закажан за утревечер во Скопје.
Вардар остана без тренер откако вчера Гоце Седлоски поднесе оставка. Раководството на Вардар брзо реагираше и веќе го договори 56-годишниот Чедомир Јаневски чија промоција се очекува на прес-конференцијата закажана за вечер во 20 часот.
Јаневски во својата кариера беше тренер на: Клуб Бриж, Ал-Шааб, Црвениот ѕвезда, Етникос, Еносис Неон Паралимни, Монс, Мускрон, Васланд и Беверен.