Актуелниот европски и македонски шампион Вардар го претрпе и вториот пораз во подготвителниот период.
Вардарци кои се на мини турнеја во Германија, завчера беа совладани второлигашот Бергишер, а вчера загубија од Рајн Некар во меч од турнирот кој се играше во Гумерсбах.
Црвено-црните беа надиграни од од Рајн Некар и тоа убедливо, па на крајот загубија до девет гола разлика 34-25, полувреме 14-10.
Вуко Борозан со 8 гола беше најефикасниот вардаров ракометар, додека Македа постигна 6, а Игор Карачиќ еден помалку (5).
Денеска, Вардар во натпревар за трето место против домашниот тим на Гумерзбах, кој загуби во првиот полуфинален меч до Флензбург со 20-30.