Оскаровката Хали Бери призна дека еден дел од својот живот го минала како бездомник.
Поради тоа таа една година не разговарала со нејзината мајка, која не сакала да и позајми пари.
– Денеска сум и благодарна за тоа, рече таа во интервју за „Пипл“.
– Кога се преселив во Њујорк имав малку пари, кои ги заработив како модел. Ми ги снема за три месеци и повеќе немав од што да живеам, Ја повикав мајка ми, а таа не сакаше да ми позајми, вели Бери.
– Подоцна сфатив дека ми ја даде најдобрата можна лекција: „Ако сакаш таму да живееш, заработи“, изјави таа.
Актерката, потоа следните месеци живеела во засолниште за бездомници и работела како келнерка.