Коалицијата „Сојуз за иднина“ вечерва, како што најавија претходно, почна со блокирањето на клучните сообраќајници во сите градови низ Македонија.
Во Скопје блокадата се случува пред „Рекорд“, а овие активности ќе траат се до петок навечер.
Во сабота во 12 часот опозицијата најави протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
„Ќе организираме и поддржуваме секаков облик на граѓански отпор и непослушност. Ќе организираме и поддржуваме секаков вид митинзи, протести, блокади на сообраќајници“, рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, на денешната прес-конференција.