Заврши жетвата на житни култури во кривопаланечкиот регион

Од:

Според прегледот на засеани, ожнеани површини и остварено производство по земјоделски култури за 2017 година, жетвата во кривопаланечкиот регион и подрачјето на општина Ранковце е завршена.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Крива Паланка, информираат дека најзастапена житна култура е јачменот, кој бил засеан на 1060 хектари површина, а со 100 проценти ожнеаност е добиен просечен принос од 2.600 килограми по хектар.

Најголеми приноси, пак, се остварени кај хибридната житарка, тритикале, која се користи како добиточна храна. Од засеани и ожнеани 60 хектари површина добиени се просечно три тони по хектар. Р’ж бил засеан на 130 хектари, а просечните приноси по хектар изнесуваат 2.800 килограми. Од ПЕ на МЗШВ потенцираат дека целосно е ожнеана и површината засеана со пченица, 860 хектари, а просечните приноси се 2.100 килограми по хектар, додека 1.500 килограми е просечниoт принос по хектар остварен од овес кој бил засеан нa само 60 хектари.

Со жетвата на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце е опфатена вкупна површина од 2.170 хектари, од кои, со пролетната и есенска сеидба, најголем дел – 1.800 хектари се засеани од страна нa индивидуални земјоделски производители, додека 370 хектари се од земјоделските претпријатија од двете општини.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он