Кој е најскапиот град на светот?

Од:

Најскапиот град на светот е престолнината на Јапонија, Токио, потоа следуваат Осака, Москва и Женева, објави британската консултантска фирма „Mercer“.

Меѓу десетте најскапи градови на оваа листа се најдоа и Сингапур и Цирих, кои го делат 6-тото место.

Европските градови, поради намалената вредност на еврото, забележале пад во однос на минатогодишната листа, па така Париз оваа година е на 37. место, што е за десет места пониско од минатата година.

Лондон падна од 18. на 25. место, Рим од 34 на 42, Атина од 53 на 77, Барселона од 66 на 85 место.

Во земјите од еврозоната, кои се најпогодени од кризата, како Грција, Шпанија и Италија е забележано најголемото поевтинување, особено во делот на недвижностите.

Најскапи градови на американскиот континент се Сао Паоло и Рио де Жанеиро, Бразил, и се наоѓаат на 12 и 13 место, далеку пред Њујорк кој се наоѓа на 33 место, а е најскап град во САД.

Дури 20 градови во Африка се наоѓаат во првата третина на листата и тоа пред се поради зголемената побарувачка, а малата понуда на квалитетни и безбедни станови, чии цени достигнуваат огромни суми пари.

Како и минатата година, најевтин град во светот е Карачи во Пакистан, кој се наоѓа на 214, последно место на оваа листа.

 

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун