Отворен ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“

Од:

На армискиот полигон Криволак, денеска ќе се одржи отворен ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“.

На отворениот ден, од страна на единиците на АРМ и Армијата на САД, кои учествуваат на вежбата ќе биде извршена демонстрација на изработка на полетно – слетна патека на Армискиот полигон Криволак за беспилотни летала.

На настанот е најавено присуство на премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, министри во Владата на РМ, високи претставници во АРМ и МО, одбранбени аташеи и претставници на НАТО канцеларијата за врски.

Целта на вежбата е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.

На воената вежба учествуваат 90-тина припадници на АРМ од инженерскиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада и околу 300 припадници на (2 Cavalry Regiment“ на Армијата на САД во Европа. На вежбата учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за прушање логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.

Во рамки на вежбата која почна во петокот официјалнов о Куманово, беа организирани и презентации на дел од борбените возила на ВС на САД во Скопје, Штип и Велес.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација