Турскиот суд денеска одлучи условно да ослободи седум новинари на весникот Џумхуриет, но ги задржа во притвор главните новинари за судскиот процес за кој меѓународната заедница смета дека е загрозување на слободата на медиумите во Турција.
Судот наложи меѓу ослободените да биде и карикатуристот Муса Карт, но ќе задржи во притвор четворица новинари и тоа колумнистот Кадри Гирсел, истражувачкиот новинар Ахмет Сика, главниот и одговорен уредник Мурат Сабунчуа и сопственикот Акин Аталај.
Судењето на групата од 17 новинари и соработници на весникот, кој има критички однос кон власта на Реџеп Таип Ердоган, започна на 24 јули. Им се суди за помагање на терористички организации.