Собрани се околу 3,5 метри куби отпад во акцијата што се спроведуваше на 21 и 22 овој месец во општина Аеродром.
Акцијата за собирање кабаст отпад се одвиваше речиси на целата територија на општина Аеродром и им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и електрични и електронски апарати од домаќинствата (компјутери, телевизори, музички системи и сл.). Акцијата се реализираше во соработка со Град Скопје и со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Општина Аеродром информира дека постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.