На новата сцена на Народниот театар во Битола вечер публиката ќе може да го проследи проектот „Битолските порти“. Станува збор за мултимедијален колаж за битолските порти и врати во кој учествува првенката на Народниот театар – Битола, Соња Михајлова.
Се работи за визуелна приказна за битолските порти и врати како нераскинлив дел од старата битолска архитектура. Проектот вклучува фотографии специјално направени за оваа намена. Со неколку проектори на повеќе екрани во форма и пропорција на порти ќе се проектираат врати пропратени со музика и неколку вистински и измислени приказни за градот Битола.
Проектот е дел од годинашното издание на Битолско културно лето „БитФест 2017“.