Светски ден на сладоледот

Од:

Третата недела во јули традиционално се одбележува како Светски ден на сладоледот, прослава која што започнала пред 33 години во САД.

Одбележувањето на Светскиот ден на сладоледот било по предлог на американскиот претседател Роналд Реган.

Историјата на сладоледот започнува во Кина, каде што на кралските дворци се правеле мешавини од мраз и млеко, со што се добивал десерт, кој што се смета дека е предок на денешниот сладолед.

И старите римјани уживале во магијата на сладоледот. Римскиот цар Нерон мешал снег и мраз од планините со овожни сокови.

Сладоледот во Европа го донеле Арапите, а прв пат во англискиот двор стигнал во 17. век. Кралот Чарлс Втори бил толку воодушевен од ладниот десерт што платил голема сума на пари за да го задржи рецептот.

Индустриското производство на сладолед започнува во САД во 19. век, кога е измислена и првата машина за сладолед.

На почетокот на 20. век започнуваат да се појавуваат различни видови сладолед – прво корнет, а потоа и сладолед на стапче.

Познатата британска премиерка, Маргарет Тачер својата кариера ја започнала со пронаоѓање на хемиска состојка која што се додава на сладоледот за да биде кремаст.

Најскапиот сладолед на светот чини 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

Во Албанија продадени над 11,7 тони сладолед со етилен оксид

А1он

Јапонски истражувачи произведоа сладолед што не се топи

Ана Ололовска

Нов светски хит: Црн сладолед

Ана Ололовска