Одбраната на европската титула за ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите ќе почне со гостување во Полска кај екипата на Висла Плоцк. Тој меч треба да се игра во периодот од 13 до 17 септември.
ЕХФ во соработка со клубовите го објави распоредот на натпревари во групната фаза од лигата на шампионите.
Вардар е во група А заедно со екипите на Висла, Баселона, Нант, ПИК Сегед, Рајн Некар, Кристијанштад и ППД Загреб. Во соработка со ТВ куќите, клубовите и ЕХФ наскоро ќе биде направен и деталниот распоред со точните саатници.
Првиот домашен натпревар „црвено-црните“ треба да го играат против француски Нант во Скопје. Тимот за кој настапува Кирил Лазаров доаѓа во „Јане Сандански“ во периодот од 20 до 24 септември.
До крајот на годинава Вардар треба да одигра 10 натпревари, а последниот против Кристијанштад во Скопје во периодот од 29 ноември до 3 декември.
Распоред на натпревари на Вардар во ЛШ – сезона 2017/2018
13-17.09.2017 Висла – Вардар
20-24.09.2017 Вардар – Нант
27.09-01.10.2017 Вардар – ППД Загреб
04-08.10.2017 ПИК Сегед – Вардар
11-15.10.2017 Вардар – Барселона
01-05.11.2017 Кристијанштад – Вардар
08-12.11.2017 ППД Загреб – Вардар
15-19.11.2017 Вардар – Рајн Некар
22-26.11.2017 Рајн Некар – Вардар
29.11-03.12.2017 Вардар – Кристијанштад
07-11.02.2018 Барселона – Вардар
14-18.02.2018 Вардар – ПИК Сегед
21-25.02.2018 Нант – Вардар
28.02-04.03.2018 Вардар – Висла.