Вокален концерт во чест на Љубомир Бранѓолица

Од:

Во фоајето на Македонската опера и балет, вечерва во 20 часот, ќе се одржи вокален концерт по повод 80-годишнината од животот и творечката дејност на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, а воедно ќе биде промовирана и збирката „Вокални дела на Љубомир Бранѓолица“, чиј издавач е Сојузот на композиторите на Македонија.

На концертот ќе настапат вокалните солисти при МОБ: Марика Поповиќ, Невен Силјановски, Александра Лазаревска и Ана Ројдева, во пијано- придружба на Јанинка Невчева и Елена Сиљаноска, кои ќе изведат дел од вокалното и оперско творештво на авторот. Модератор на концертот ќе биде музикологот Дојрана Прокопиева.

Композиторот, пијанист и музичкиот писател Љубомир Бранѓолица е роден во Херцег Нови во 1932 година, и речиси целиот свој живот го посвети на музичката уметност во Македонија, оставајќи траен белег во нејзината музичка историја.

Би можело да ве интересира

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје