ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака да дебатира за зголемување на платите во јавниот сектор

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека денеска Комисијата за труд и социјална политика не ја одржа најавената седница на која требаше да се расправа по Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија поднесен од пратеници од опозицијата поради неприсуство на пратениците од СДСМ.

Во соопштението наведуваат дека членовите и замениците членови од СДСМ и нивната коалиција не присуствуваа, односно ја бојкотираа работата на Комисијата и оти со тоа јасно покажаа дека не сакаат ниту да дебатираат за зголемување на платите во јавниот сектор.

Посочуваат дека овој закон предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за 5 отсто започнувајќи со исплатата на платата за јануари 2018 година.

– Група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ овој закон го поднесе на почетокот на овој месец и истовремено се надевавме дека СДСМ позитивно ќе се изјасни за овој закон бидејќи сметаме дека е од голема полза за многу граѓани во Република Македонија и за подобруваже на животниот стандарт, стои во соопштението.

Додаваат дека наспроти нивните очекувања, очигледно е дека СДСМ смета дека зголемувањето на платите за 5 отсто во јавниот сектор не е од голема важност за граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Организацискиот директор на Нефрологија до последен момент реализира тендери или полни џебови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари, 5.000 денари покачување на пензиите од септември и март

ВМРО-ДПМНЕ: Владата го укина факулетот за медицина на Мерко, образованието ќе биде на највисоко ниво

Горан Наумовски

Здравковски: СДСМ и ДУИ потрошиле стотици милиони евра за патишта и пруги кои не ги изградиле