Ограбени аптека и продавница во Скопје

Од:

Во Скопје синоќа во полицијата биле пријавени два случаја на разбојништво.

Околу 20:40 часот во Скопје, на ул.„Кемал Сејфула“, во аптека „Еурофарм“, непознато лице прснало кон вработената со спреј – солзавец по што со закана со пиштол извршило разбојништво, одземајќи го дневниот промет и напуштајќи го местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Околу 22:45 часот исто така синоќа во Скопје на бул. „Кочо Рацин“, во Тобако „Корнер“, непознато лице со закана со нож извршило разбојништво над вработената, одземајќи го дневниот промет, по што се дало во бегство. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка