ФОТО: Голи веслачки им одговараат на феминистките: Ова не е порнографија, туку добротворен Календар

Од:

Кога машкиот тим веслачи од британскиот универзитет Ворвик се соблекоа голи за потребите за хуманитарен календар, сите акцијата ја дочекаа со воодушевување. Оваа година, на истата идеја дојдоа веслачи студентки, но набрзо наидоа на осуда од феминистките, кои ги обвинија за претставување на жените како сексуални објекти.

Петнаесет студентки учествуваа во акцијата за организирање на групата за поддршка на болните од рак, “Мекмилан”. Сосема голи, само во гумени чизми, тие позираа со весла и со појаси за спасување, а снимани се и како голи трчаат на ливада и, се разбира, веслаат …

Овој календар воопшто не ја воодушеви студентката од универзитетот Кент, Лејла Хаидрани, која во блогот на веб-сајтот “Huffington post” напиша дека голите фотографии се невкусни и дека нивната единствена цел е да се придобие вниманието на јавноста.

Веднаш се огласи една од голите веслачки. Хети Рид, студентка која ја започна целата акција, објаснувајќи дека календарот воопшто “нема никаква врска со било каков вид на порнографија.”

Таа и нејзините колешкии се одлучиле да се фотографираат за календар за организација која им помага на болните од рак, откако една од мајките на веслачките заболела од оваа подмолна болест.

– Светот е полн со некои јадни луѓе и вистинско губење на време е да се критикуваат луѓе кои учествуваат во правењето хуманитарнен календар. Календарот е многу вкусно направен, фотографиите се убави, без оглед на тоа дали има голотија или не – вели огорчено Хети.


Машките членови на веслачкиот тим на календарот за организацијата “McMillan”

Според нејзините зборови, сосема е нефер, машките студенти за идентична акција, да добиваат пофалби.

Верувам дека жените заслужуваат еднаков третман. Значи, ако мажите имаат право да направат календар во кои тие се голи и дека за тоа добиваат пофалби, тогаш не е фер ние да добиваме навреди и потценувачки коментари – вели Хети.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска