Полицијата во Белгија уапси уште неколку полу-голи членови на групата FEMEN кои протестираа против Владимир Путин за време на неговата посета на Европскиот совет.
Членките на FEMEN голи до појас излегоа од метрото на плоштадот и почнаа да извикуваат слогани против Путин, пред да бидат отстранети од полицијата.
Целата операција, наречена “апокалипса Путин”, траеше помалку од една минута.
На Шумановиот плоштадот е зградата на Европскиот совет во која се одржува самит ЕУ-Русија.