Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 47 ставовите 1 и 2, член 48 став 1 и член 49 став 1 од Законот за средното образование, кој е донесен 1995 година и досега има претрпено многу измени, а ја отфрлија иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 45-а ставовите 11 и 13, член 45-в став 3 и член 46 став 1 од овој Закон.

Судот исто така ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот зе екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од страна на училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта, донесен од министерот за образование и наука на 22 април 2013 година.

Новата Влада пред еден месец го укина екстерното во основните и во средните училишта.

Уставните судии не поведоа постапка по иницијативата поднесена за член 30 став 4, член 54 став 4, член 55 став 2, член 56 став 3, член 68 ставови 2, 3 и 4, член 147 став 2, и член 153 став 7 од Законот за нотаријат.

Судот денеска го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој се однесува на урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес. Оваа законска одредба предвидуваше дека градба од посебен интерес за која ќе се изработи урбанистичко-планска документација да се утврдува со Одлука од страна на Владата на Република Македонија.

Од Уставниот суд во април годинава изразија сомнеж во уставноста на оваа одредба, подвлекувајќи дека проблематично во одредбата е прашањето што е тоа посебен интерес и дали тоа може да значи можност за арбитрарност на Владата. Уставните судии тогаш определија и времена мерка за примената на оваа оспорена одредба.

Подносителите на иницијативата – неколку невладини организации и граѓани сметаа дека со овој член од Законот се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото, бидејќи и се дава можност на Владата без јасно определени критериуми да определува градби од посебен интерес.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска