Воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Министерството за одбрана и Војската на Црна Гора.
Од АРМ информираат декаа Величковски во текот на утрешниот ден ќе има средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, генерал-потполковник Љубиша Јокиќ и со министерот за одбрана Предраг Бошкович.
За време на престојот во Црна Гора, македонската воена делегација ќе ги посети припадниците од АРМ кои учествуваат на меѓународната вежба „Заеднички предизвик 2017“, а на 6 јули ќе присуствува на денот за истакнати посетители и церемонијата на затварање на вежбата.
Припадници на АРМ од составот на полкот за специјални операции заедно со припадници на војската на Црна Гора и на вооружените сили на Република Австрија учествуваат на меѓународната вежба „Заеднички предизвик 2017“ во период од 26 јуни до 6 јули.