Министерството за образование и наука соопшти дека се проширува квотата за запишување ученици во прва година за една паралелка во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје и се дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во првиот уписен рок – прво пријавување.
Се проширува и квотата за запишување ученици во прва година во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ и се дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,65 поени, а аплицирале во првиот уписен рок – прво пријавување.
Учениците за дополнителни информации да се јават утре во гимназиите „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.