Фронтменот на британската рок група „Ролингстонс“, Мик Џегер, денеска раскажа дека еден текст во лондонскиот весник „Тајмс“ од 1967 година му помогнал да го избегне затворо за еден негов помал прекршок со дрога, кога бил осуден на три месеци затвор.
Џегер за „Тајмс“ кажа дека не бил осуден на три месеци затвор заради сериозноста на прекршокот што го сторил, туку затоа што членовите на неговиот бенд биле „жртвени јариња“ на постарите генерации кои го критикувале нивниот начин на живот.
„Тајмс“ ова го нагласи наведувајќи дека Џегер требало да биде третиран сосема исто како и сите други, пренесоа американските медиуми.
Џегер (73) кажа дека „тој уводник го извлекол од затвор“.
Фронтменот на британската рок група го пофали уводникот бидејќи на естаблишментот му порача дека „тоа едноставно не е англески начин на фер плеј“.