Струмица ја одбележа 61. годишнина од раѓањето на претседателот Трајковски

Од:

Струмица ја одбележа 61-та годишнина од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Макеоднија Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест, реч за неговиот лик и дело имаше в.д. градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој посочи дека Борис Трајковски е синоним за родољубец, богољубец и човекољубец.

– За жал реалноста е поинаква. Борис Трајковски не е дел од нашето битисување. Но, несомнено дека во тоа битисување тој изгради неизбришливи траги. Во негово име изградивме скромен мост зошто тој ја имаше надареноста и човечноста да гради мостови на пријателството. Во негова чест го подигнавме и овој споменик „Македонија“ за да се знае дека Борис Трајковски и Македонија се две нешта кои функционираа во своевидна љубов и симбиоза, рече Костадинов.

Додаде, дека таквите симболики не со доволни, доколку секој струмичанец и Македонец не направи паметник во срцето за ликот и делото на Борис Трајковски кој ќе го пренесува од поколение на поколение.

Пред споменикот, свежо цвеќе положија делегации на општина Струмица, на политичките партии, граѓанските здруженија и граѓани.

Во чест на Трајковски, првонаградените ги прочитаа литературните творби по распишаниот конкурс на тема „И по 13 години спомените за Претседателот Борис Трајковски се уште живеат“ во организација на градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска