Во Република Македонија денеска се одбележува Денот на балканските еѓипќани – 24 јуни. Централниот настан ќе се одржи во Охрид во Домот на културата „Глигор Прличев“.
Одлуката за одбележување на Меѓународниот ден на балканските Еѓипќани е донесена во 2010 година во Струга на Вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани. На овој ден во 1990 година во Охрид, е одржано првото Собрание на една општествено-политичка организација на Балканот, која се заложи за сочување на етничкиот идентитет и заштитата на правата на оваа заедница.
Египќаните на Балканот се дојдени како колонисти да ископуваат и експлоатираат метали во 13 век п.н.е. Припаѓаат на семејството на семитско-хамити народи, а зборувале на староегипетски јазик, кој денес е изгубен. За колонизацијата на Египќани на Балканот има сведоштва скоро кај сите антички автори, но и богато археолошко наследство. За време на преродбеништвото во 19. век. Египќаните за прв пат се спомнуваат во весникот „Македонија“ што излегувал во Цариград во 1867 година, а текстот е пишуван од еден Египќанец од Прилеп. Денес се претпоставува дека на Балканот живеат околу еден милион Египќани, најмногу во Грција, Албанија, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но ги има и во Турција и Бугарија.