Во кичевското село Аранѓел во куќата сопственост на С.А. (59) непознат сторител вчера извршил тешка кражба, при што одзел 15.000 евра, 2.550 швајцарски франци и поголема количина златен накит.
МВР информира дека кражбата била пријавена во 10:30 часот во Полициското одделение Осломеј, а непознатиот сторител се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 евра.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.