Најмалку 40 лица загинаа, а 43 се повредени во судирите во градот Бриа во Централноафриканската Република, еден ден откако беше потпишан договорот за прекин на огнот меѓу спротивставените страни.
Неименуван извор од безбедносните сили наведе дека судирите избиле меѓу припадниците на христијанската Анти-балака милиција и поранешните борци на Селека.
Насилството изби само еден ден откако Владата на ЦАР со бунтовничките групи потпиша договор за итен прекин на огнот, со посредништво на католичката заедница Сант Егидио, за време на петдневните преговори што беа одржани во Рим.