Регионална конференција на тема „Улогата на граѓанските организации во унапредување на просторот за нивно делување“, организира денеска Балканската мрежа за развој на граѓанско општество.
На настанот претставници од граѓански организации од Македонија, Европа и светот ќе споделат искуства и ќе дискутираат како да се унапреди просторот за делување на граѓанските организации.
Целта на конференцијата е преку размена на добри пракси од регионот и Европа за унапредување на работната средина за граѓанските организации, подобрување на сопствената отчетност и зголемување на соработката во граѓанскиот сектор, да се поттикнат граѓанските организации да бидат поактивни и поефективни во унапредување на просторот за нивно делување.
Конференцијата е поддржана од Цивика Мобилитас програмата.