Бразилскиот напаѓач Матеус Лима Круз, од денеска се приклучи на тренинзите на Вардар на подготовките во Австрија.
– Лима во наредниот период ќе биде на проба во нашиот тим и ќе тренира заедно со играчите во Австрија, а ќе добие шанса и на некој од престојните пријателски натпревари во дресот на нашиот тим, информираа од ФК Вардар.
Станува збор за 24-годишен фудбалер кој што во минатата сезона беше член на Сантос, а во минатото има настапувано за албанскиот прволигаш Кукеси, и за бразилските екипи Операрио, Лувердензе, Гуарани, Спорт Ресифе, Спорт Баруери и Гремио Баруери.