Романскиот претседател повика за брзо решавање на политичката криза

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис изрази надеж дека владејачката Социјалдемократска партија брзо ќе ја реши актуелната политичка криза и Романија ќе има стабилна Влада.

– Во врска со актуелната политичка ситуација можам да ви кажам: ова ни е најмалку потребно. И побарав од СДП по сите канали на комуникација брзо да стави крај на таа криза и да продолжиме напред. Жално е. Светот е отворен кон нас. Видете во САД бевме примени мошне добро. Европа е отворена кон нас исто така. Единственото нешто кое ни недостига е стабилна влада. Се надевам дека прашањето брзо ќе се реши, изјави Јоханис во централниот град Сибиу.

Владејачката коалиција на Социјалдемократската партија и Алијансата на либералите и демократите ја повлече поддршката за премиерот Сорин Гриндјану со образложение дека оценките на работата на кабинетот не се задоволувачки.

Гриндјану сепак одби да поднесе оставка и коалицијата одлучи да предложи гласање недоверба против сопствената Влада во Парламентот, што ќе биде доставено утре, а најверојатно гласањето ќе се одржи в среда.

Јоханис се наоѓа во Сибиу заедно со премиерот на Луксембург Ксавие Бетел, за да одбележат десетгодини откако Сибиу и Луксембург беа културни престолнини на Европа во 2007 година. Јоханис беше долгогодишен градоначалник на трансилванискиот град, пред да биде избран за претседател.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски