Земјотрес регистиран во Егејското Море

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистиран денеска во Егејското Море во регионот на округот Измир, јави турската телевизија НТВ, која се повикува на Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби.

Епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 11,88 километри, во близина на градот Карабурун. Земјотресот е регистриран во 6:40 часот по локално време.

Нема информации за ранети или за предизвикана материјална штета.

Вторичните потреси во регионот продолжуваат по силниот земјотрес од 6,2 степени во понеделникот во морето меѓу грчкиот остров Лезбос ио турскиот град Карабурун.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле