Во Пробиштип отворено ново детско игралиште

Од:

Со хепенинг и свечено отворање на ново детско игралиште општина Пробиштип денеска и официјално го одбележа завршувањето на учебната година во основните училишта и детските градинки.

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека реконструкцијата на игралиштетото заедно со реквизитите кои ги обезбеди фабриката за акумулатори „ТАБ Мак“ чини околу 30.000 евра.

– Децата од училиштата и детската градинка заедно со своите наставници и аниматори денеска се овде на новоотвореното детско игралиште, која што е заедничка инвестиција на општина Пробиштип со фабриката „ТАБ Мак“, која што мора да ја пофалам е една од најопштествено одговорните компании во нашата општина, која што еве помогна да ги набави современите детски реквизити. На ова детско игралиште ја подготвивме подлогата и оградата, вели Тоневски.

Заменик директорот на „ТАБ Мак“, Петар Коцен остакна дека како општествено одговорна компанија инвестира во проекти од значење за граѓаните, а секако и за децата, кои се нашето најголемо богатство.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики

Во Пробиштип откриена е спомен-биста на полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

А1он

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал