Романија: Владејачката партија ја повлече поддршката за премиерот

Од:

Романската владејачка Социјалдемократска партија ја повлече политичката поддршка за премиерот Сорин Гриндеану и неговата влада откако лидерот на таа партија Ливиу Драгнеа рече дека е изгубена довербата во владата.

Социјалдемократите синоќа едногласно побараа повлекување на поддршката за владата по состанок што траеше пет часа.

Партиските лидери рекоа дека Гриндеану кој е на функција шест месеци, не ја почитувал програмата на партијата.

Тој останува на функција, но партијата се закани дека ќе го исклучи ако не поднесе оставка. Гриндеану го напушти состанокот пред гласањето без да даде коментар.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски