Романскиот премиер Гриндијану нема да поднесе оставка

Од:

Романскиот премиер Сорин Гриндијану на седница на Националниот извршен комитет на владеачката Социјалдемократска партија (СДП), изјави дека нема да поднесе оставка, пренесе Аџерпрес.

-Во последните 20 години сме немале поагресивна кампања од оваа, која се води во последниов месец од страна на некои колеги, посочи премиерот.

Националниот извршен комитет на СДП денеска е свикан за да се реши судбината на кабинетот на Гриндијану.

Според романските медиуми, лидерот на СДП Ливиу Драгна планира да ја собори својата влада само половина година по нејзиното стапување на должноста.

Медиумите тврдат дека лидерот на социјалдемократите се закнаил со повлекување на политичката поддршка за владата затоа што бил незадоволен од забавувањето на мерките од програмата за владеење.

Пред седницата Ливиу Драгна изјави дека од никого не барал и нема да бара оставка, но додаде дека „така веќе не може да се продолжи“.

Дел од социјалдемократите, вклучувајќи го и поранешниот премиер Виктор Понта, како и организацијата на СДП во округот Јаш, меѓутоа, изјавија дека ќе продолжат да ја поддржуваат владата на Гриндијану.

Истовремено, помалиот коалициски партнер на СДП – Алијансата на либерали и демократи (АЛДЕ), денеска одлучи да ја повлече својата политичка поддршка за премиерот Сорин Гриндијану, соопшти лидерот на партијата Калин Попеску Таричану. Тој, исто така, кажа дека министрите од неговата партија се подготвени да поднесат оставка.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски