Средба Анѓушев – Линде: Примерот на Шведска со обновливи извори на енергија апликативен за Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, е во дводневна посета на Кралството Шведска.

Вицепремиерот Анѓушев вчера оствари средба со г-ѓа Ан Линде, министерка за европски прашања и трговија на Кралството Шведска.

На средбата главна тема беа чистите технологии и обновливите извори на енергија, при што е договорена соработка за искористување на шведските искуства и знаења во овие области со цел нивна примена и во Република Македонија.

„Примерот на Шведска за примена на чистите технологии во индустрија и за обновливи извори на енергија е применлив за Република Македонија и може значително да придонесе за развојот на земјата, особено во проекти што се однесуваат на таканаречена “чиста енергија“, рече заменик претседателот на Владата, Анѓушев.

Министерката Линде, во име на Владата на Кралството Шведска, изрази подготвеност за соработка со Владата на Република Македонија и во сите други области од важност за нашата држава.

Вицепремиерот Анѓушев во текот на вчерашниот ден имаше и средба и со претставници на компанијата Ericsson, на којашто беа презентирани последните дигитални технологии за таканаречените “паметни мрежи“ (smart grid) за електрична енергија, особено за нивната примена во земјоделието.

Денеска заменик претседателот на Владата, Анѓушев, ќе има излагање за потенцијалите на обновливи извори на енергија, на Бизнис форумот за чисти технологии во Стокхолм, организиран од Македонската амбасада во Шведска и „Македонија 2025“.

Би можело да ве интересира

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Покана до сите дами – Grand Casino Admiral ве очекува на незаборавна Ladies night!

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија