Почна продажбата на билети за ракометниот дуел Македонија – Чешка

Од:

Македонската ракометна репрезентација на 18 јуни со почеток од 20:45 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра последниот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Чешка. Продажбата на влезници за натпреварот почна денес од 12 часот, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонската машка ракометна репрезентација последната фаза од Квалификациите за ЕП 2018 ја почнува во четврток со натпревар на гостински терен против Украина во Суми. Веднаш по завршувањето на таа средба, нашата репрезентација се враќа во Скопје за последниот меч против Чешка во недела од 20:45 во СЦ „Борис Трајковски“.

Групата во која се наоѓаат Македонија, Чешка, Исланд и Украина е засега најизедначената група во Квалификациите, со тоа што сите четири репрезентации имаат по 4 освоени бодови по првите 4 одиграни кола. Последните две кола ќе ги одредат двајцата патници на континенталниот собир во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ракометарите ги добија Словенија, Данска и Црна Гора во групата на Европското првенство

Жарко Настоски

Ќе играме бараж против Романија за пласман на женското ракометното светско првенство

Жарко Настоски

Ние сме без Стоилов, а Данците без Милер за реваншот

Жарко Настоски

Ракометарите ќе поделат награда од 20.000 евра за триумфот над Данска

Жарко Настоски

Уште еден тежок пораз на македонските ракометари на СП

Жарко Настоски

Македонските ракометари го победија Чиле и се пласираа во втората фаза на СП

Жарко Настоски