Објавен зборник на горански народни песни

Од:

Во издание на „Бата прес“ во едицијата „Народни умотворби“ излезе од печат втората книга „Зборник: македонски горански песни“ што ги собра Мехмет Хоџа, горанец, писател и новинар од Република Албанија.

Двата тома, првата книга излезе во 2011 година, што ги редактирташе и лекторираше проф. д-р Васил Дрвошанов содржат 514 народни песни на Гораните од Албанија, Косово и Македонија. Двете изданија се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на Националната програма за култура за 2011 и 2012 година.

– Да се истражува, да се собира, да се идентификува, внимателно да се бележи говорењето и пеењето на стиховите на овој дел од нашите сонародници во Република Албанија и во Република Косово во текот на повеќе од половина век и грижливо да се чува народната песна во неблагопријатни услови како дел од македонското духовно културно наследство за да се дочува за идните поколенија е вистински подвиг…, пишува во предговорот на втората книга д-р Васил Дрвошанов.

Зборникот во првите месеци на идната година ќе биде промовиран во Република Албанија, а веќе го има во централните библиотеки во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање