Традиционалната храна во фокусот на најновото издание на руско-македонскиот каталог

Од:

Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност ЕЛИТА денеска во Скопје го промовираше петтото издание на руско-македонскиот каталог „По еден пат со светот – Русија и Македонија“.

Во новото издание посебен акцент е ставен на традиционалната храна, а прикажани се и природните убавини, ресурси и потенцијали со кои располага Македонија.

– На овој начин, се надеваме дека и овој пат ја продолжуваме идејата за создавање еден вид илустриран водич и презентер на стопанските субјекти и можните потенцијали кои ќе ја продолабочат спомената соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Со тоа сметаме дека и овој пат каталогот ќе биде предмет на интерес на бројни читатели, бизнисмени, посетители и туристи, рече Соња Михајловска, директорката на „ЕЛИТА“ на промоцијата.

Според рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, каталогот претставува ефикасен начин за информирање на Русија и на сите земји од Евроазиската унија за трговските, економските, инвестициските и туристичките потенцијали на Македонија.

– Каталогот стана своевиден мост кој уште повеќе ги зближува нашите две традиционално пријателски земји. Објавувањето на овој каталог стана одличен подарок за сите кои се заинтересирани за натамошно унапредување на заемно корисната соработка меѓу Русија и Македонија, рече амбасадорот Шчербак.

Тој посочи дека неисцрпни се можностите за соработка меѓу двете земји особено во енергетиката, земјоделството и туризмот и изрази надеж дека неодамнешната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Москва ќе даде поттик кон натамошното унапредување на соработката.

– Пред неколку дена беше формирана нова Влада во Република Македонија. Се надеваме дека тоа ќе поттикне скорешно возобновување на Руско-македонската меѓувладина комисија за трговско, економска и научно-техничка соработка, рече Шчербак, додавајќи дека Руската Федерација е отворена за соработка со Македонија и ќе направи се што е во нејзина моќ таа да се унапредува.

Честитајќи му го првото место на македонскиот ракометен клуб „Вардар“ во Лигата на шампионите и на сопственикот на клубот, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, амбасадорот Шчербак изрази надеж дека никој нема да се осмели да каже дека оваа победа и објавувањето на каталогот се мешање на Русија во внатрешните работи на Република Македонија и оти претставуваат закана за земјата.

Претседателот на Македонско – руската стопанска комора Дејан Бешлиев се надева дека каталогот ќе биде вистинска реклама за вредностите со кои располага Македонија.

Би можело да ве интересира

Градење кариери, не само дипломци: Heidelberg Faculty of Skopje во партнерство со водечки компании во банкарството и осигурувањето

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Покана до сите дами – Grand Casino Admiral ве очекува на незаборавна Ladies night!

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ