Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка по иницијативата поднесена на Одлуката на Градот Скопје за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за 2017 година, во делот „и бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети“. Одлуката е донесена од Советот на Град Скопје во декември 2016 година.

Подносители на иницијативата се студенти од Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Тие ја оспоруваат Одлуката во делот „државни“ универзитети, бидејќи според нив има дискриминација, односно нееднаков третман меѓу студентите на државните и приватните универзитети.

Инаку, со оваа Одлука Градот Скопје му дава субвенции на ЈСП Скопје за оперативни трошоци и потешкотии во работењето, за набавка на опрема за имплементација на систем за интелигентна наплата, за бесплатен превоз на возрасни лица над 62 години старост за жени и над 64 години старост за мажи во вторник, петок, сабота и недела и за бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студиии на државните универзитети.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска